Hostiranje: veke od 240 denari!
Првиот број излезе на 7 март, 2005 а овој број го читаат 4801 читатели. Година II : 26 јули, 2006 © Број 343
Avizo MC Еснаф | Пријава | Одјави се!
Dneven e-Esnaf

Дневна мудрост

"Убавината е длабочина на површината."

Фридрих Хебел

За вашиот компјутер:

Samo za Vas! 1024
x768


Преземи:
[ 149KB ]
Архива: Старите броеви на Дневен е-Еснаф може да ги најдете овде.


Уводник

Се разбира, дневното не мора да биде и секојдневно. Може да биде само за дневна (или ноќна) употреба односно злоупотреба, а може и само да биде за колку да биде, за утре да не излезе дека не било. Секојдневното, пак, според својата природа е дневно (или ноќно) и не може да биде поинакво. Она што е можеби најважно за него е одговорноста. Да се работи нешто секојдневно значи да се има чувство за одговорност и посветеност на она што се работи. Почитувам единствено личности кои секојдневно работат нешто со одговорност и целосна посветеност.



Vest 1 Македонија:
Утре ќе се конституира новиот Парламент
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи конститутивната седница. До изборот на новиот претседател на Собранието седницата ќе ја води најстариот пратеник Стојан Андов од Либералната партија. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави дека на конститутивната седница ќе биде избран и претседател, бидејќи преговорите за тоа прашање оделе исклучително добро.

• прочитај...



Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на средбата со изралескиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека е време за изградба на нов Блиски Исток. Според неа, луѓето во тој регион-Израелците, Либанците и Палестинците-предолго живеат во страв, терор и насилство.




На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје беа пуштени во употреба неколку донации, донирани во рамките на кампањата "Пријатели на Детската клиника" која трае повеќе од 2 години, а беа предадени во употреба и реновираните лифтови.


Со Белград не може да има компромис и Приштина се залага единствено за независност на Косово, изјави косовскиот премеир Агим Чеку за австрискиот весник Ди Пресе.


Ангажирањето на Д-р Георги Банков од Бугарија од страна на македонскиот Хелсиншки комитет како независен експерт за обдукциска анализа на телото на Трајан Бекиров, кој не е специјалист за судска медицина, претставува непочитување на професионалните норми на оваа професија, оценува Д-р Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина при Клиничкиот центар-Скопје во изјава за МИА дадена по официјалниот допис од Бугарскиот лекарски сојуз во кој се тврди дека Банков е лекар по општа практика. Според него, тоа објаснува зошто претседателот на Хелсиншкиот комитет Мирјана Најчевска не дозволи средба на македонските експерти со Банков.

Повеќе од 500.000 лица евакуирани пред доаѓањето на тајфунот Каеми во Кина

Тајфунот Каеми што го зафати јужното крајбрежје на Кина предизвика евакуација на повеќе од 500.000 луѓе од реоните кои се уште закрепнуваат од тропската бура која однесе над 600 жртви.


До 2025-та година брзата замена на бензинот ќе биде недостижна за автомобилската наука. Исто така ќе се намалат осетот за неудобност, високиот електричен напон, Ќе се занемарат безбедносните перничиа, така што возачите ќе се чувствуваат сигурни за извесно време. Дали секое ливче, циркулар или паркинг-картичка, кои дотогаш биле парчосувани од ветробраните, ќе бидат собирани од модерните ветробани? Вистински погодок до 2025-та година!
Vest 2

Национал:

Nacional Дирекцијата за заштита и спасување изготви Оперативен план за техничко извидување и деминирање на сомнителните површини во Вејце, Грачани и Танушевци, со оглед на големиот број неексплодирани убојни и експлозивни средства заостанати од Првата и Втората светска војна, но делумно и од конфликтот во 2001-ва година, соопшти Владата на Република Македонија. Активностите почнаа завчера, а за таа цел се ангажирани пиротехничари-деминери, вработени во Дирекцијата. Тие располагаат со сите потребни материјално-технички средства и соодветна опрема. Со реализација на оперативниот план за техничко извидување и деминирање во Вејце, Грачани и Танушевци, Македонија ќе може да се декларира како прва земја од Југоисточна Европа исчистена од антиперсонални мини. Република Македонија е потписник на Отавската конвенција со која се забранува секаква употреба на анти-персонални мини и е приклучена кон заедничкиот предлог за воспоставување на Југоисточна Европа како регион без мини до 2009-та година. Во тие рамки, Министерството за одбрана во присуство на меѓународни набљудувачи и верификатори на полигонот Криволак изврши уништување на целокупниот контингент на противпешадиски мини, при што уништувањето на останатите 4.000 мини беше извршено на 10-ти овој месец.
ЛС Визитер:
(Локална самоуправа: Скопје - Македонија)


Заменик-министерот за труд и социјална политика Самка Ибраимовски во просториите на старата гимназија во Берово отвори Дневен центар за деца со посебни потреби во Берово. Дневниот центар ќе функционира како организациона единица на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Берово, а ќе го посетуваат 25 деца со умерена и тешка попреченост во интелектуалниот развој на возраст од 5 до 18 години од Берово, Пехчево и блиските населени места. Средствата за целосна реконструкција и адаптација на објектот со површина од 220 метри квадратни во висина од 2.184.214 денари се обезбедени од Буџетот на Република Македонија преку Министерството за труд и социјална политика. Проектот е поддржан со 827.728,00 денари средства донирани од финската Влада на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака-огранок Берово преку регионалната канцеларија на УНДП со седиште во оваа оштина. Дневниот центар за деца со посебни потреби во Берово е 16-ти од ваков тип во земјата.




Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од лидерот на партијата Али Ахмети, завчера се сретна со делегација на Американската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорката Џилијан Миловановиќ. На средбата беше резговарано за актуелната состојба во државата, за парламентарните избори, како и за настаните поврзани со формирањето на новата влада. Ахмети ја информира Миловановиќ за ставот на ДУИ, дека само една влада која ќе ги отсликува основните правила на демократијата и ќе ја почитува волјата на мнозинството во мултиетничка држава може да гарантира политичка стабилност и продолжување на реформите кон евроатлантските интеграции. Во исто време, секретарот за меѓународни односи и интеграции при ДУИ Агрон Буџаку во Тетово се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Карлос Паиш. Буџаку го информира шефот на Мисијата на ОБСЕ за ставовите на ДУИ во врска со формирањето на коалицијата во една мултиетничка држава. Тој го потврди ставот на ДУИ дека правилата на демократијата се универзални правила и не можат да важат за една заедница, е за друга не.

Партиски маркетинг:

Од Редакцијата: Во зависност од интересот, под овој заеднички наслов, во овој простор од "Партиска трибина", објавуваме партиски комерцијални огласи, прогласи, обзнанија, соопштенија од прес конференции и сл.

Меридијани:

Vest Киднапираните израелски војници ќе бидат ослободени само ако Израел се согласи да ги ослободи палестинските и либанските затвореници, изјави во Дамаск членот на политичкото крило на Хамас Мохамад Назал. Тој нагласи дека нема координација помеѓу Хамас и Хезболах, наведувајќи оти двете групи работаат во целосно различни географски зони и околности. Единствено заедничко е тоа што имаат заеднички непријател кој ја окупирал арапската земја- истакна Назал.

Клуб Култура, Традиција, Вредност:


На Охридско лето синоќа гостуваше Гранд театарот од Амстердам кој на сцената на Долни Сарај ја изведе претставата Електра од Софокле, во режија на Корина Манара. Текстот во трагедијата е на холандски јазик, а песните на албански. Настапи албанскиот хорски ансамбл Лапарда, кој испеа традиционални полифониски песни од јужна Албанија, а беа изведени и современи електро-акустични композиции од Јанис Киријакидис. Сценографијата е на Јаел Асаф, костимографијата на Жантин Крајевелд. Артистичката екипа е од Холандија. Насловната улога ја играше Ханеке Шоптен, а во останатите настапија Нард Вердоншот, Амели ван дер Бие и Роос Хогланд. Режсерката Корина Манара е добитник на наградата за најдобра колективна изведба на фестивалот во Стоби во 2004-та година, за претставата Едип.



Рекламен Простор

ОГЛАСУВАЈТЕ, рекламирајте се! Ова е простор кој би можеле да го искористите за вашата реклама. Нека и за вас читаат и дознаваат, новини и занимливости.
Што мислите, колку би ве чинел овој простор? Јавете ни се за да се договориме: marketing@avizo-mc.com. Проверете.  

Спорт Сет:

Vest Од нашава земја во новата сезона ќе стартуваат Металург, Кабран Амбалажа и Кале. Жрепката одреди Металург да игра во единственото квалификациско коло од Лигата на шампионите против Брага од Португалија. Првиот меч ќе го игра на гости на 2-ри или 3-ти септември, а реваншот е по 7 дена во Скопје. Ракометарките на Кабран Амбалажа најнапред на свој терен ќе го пречекаат тимот на Слован од Словачка, во рамките на Купот на победниците на куповите, а Кале во првото коло ќе му гостува на Локомотив во Варна-прв натпревар во Купот на ЕХФ.



Бизнис Микс:

Biznis Барањето од Државната компанија за пренос е за речиси 12%. МЕПСО тоа го оправдува со двојното поскапување на струјата што се увезува, а моментно изнесува 5 евроценти за киловатчас. Регулаторната комисија очекува да и бидат доставени потребните документи што ќе и овозможи неделава да одлучи колкаво поскапување ќе дозволи. Експертите веќе проценија дека повисоките сметки за електрична енергија драстично ќе се одразатг не само на животниот стандард на луѓето, туку и на работењето на фирмите. По прифаќањето на барањето на МЕПСО односно утврдувањето на новата цена, барање за зголемување ќе побараат и австриските стопани на ЕСМ.


Во овој дел можете да пронајдете податоци за движењњето на светските валути според Народна Банка на Р.Македонија но и според приватните менувачници. Се работи за дневен курс кој што подлежи на измени и може да биде различен од менувачница до менувачница. Сепак, овие разлики не се така големи за да овој приказ не ви даде приближен преглед за тоа како се движат курсевите.



Астро Часовник:

• Астрономски календар
• Говорот на годините
• Временска прогноза

• Денешни Настани

Петта страна на светот


Веб Сервис:

• Граѓански Форум
• Граѓански Веб Весник
• Услуги
• Microsoft MK
• Безжичен сервис
• Влада
• Секретаријат

• Забава
• Скопје Clubbing

Reklama

Дознај повеќе
Zlatna Kniga


Дознај повеќе
Krale Marko



Reklama

Informativna Fles Agencija
Информативна Флеш Агенција
 

Reklama

За чесно владеење!

Gragjanska Partija na Makedonija

Граѓанска Партија на Македонија

 

Reklama

Avizo MC PR Klub
Авизо МЦ PR Клуб



Reklama

Дознај повеќе
Macedonian Connection




Reklama

Informativna Fles Agencija
Информативна Флеш Агенција

Total - Ekonomski portal
ТОТАЛ


Macedonian Information Agency news
МИА Вести


 
 
Драги наши, се гледаме повторно утре. Во меѓувреме ние ќе откриваме што се случува во светот и кај нас за утре тоа да ви го пренесеме вам —директно од овде седиштето на Еснаф.

— Уредниците при esnaf.biz

P.S. За да бидете сигурни дека ќе ги добивате овие е-mail пораки, ве молиме додадете ја нашата адреса info@avizo-mc.com во вашиот адресар (address book)—со што филтерот ќе знае дека нашите e-mail пораки се легитимни.

 



Информации за овој е-Весник

Прв дневен електронски весник во Македонија. Првиот број е објавен на 7 март, 2005 година. Го добиваат бесплатно сите заинтересирани на своите e-mail адреси, а се издава со спонзорско-маркетиншка поддршка на деловни партнери и пријатели. Весников го добиваат 4801 читатели.

Овој весник го добиваш поради тоа што се имаш пријавено на нашата е-листа, или некој твој пријател го сторил тоа за тебе.

За да ја промениш твојата e-mail адреса, или сакаш да се пријавиш/одјавиш за некој друг е-Весник користи ги линковите кои се дадени подолу или пиши ни на нашата адреса Авизо МЦ, Attn: Програм е-Весници, Теодосиј Гологанов 26А, Скопје 1000, Македонија.

© 2005 Издавач: Авизо МЦ Мултимедијален Центар. Сите права се задржани. Весникот „Дневен е-Еснаф“ е запишан во Регистарот на весници на Агенцијата за информации на Република Македонија на 14.09.2005 година, со решение бр. 02-490/2.

 

Уводник:


Дневно и секојдневно

Дали имате подеднаков однос спрема дневните и секодјневните ангажмани, задачи, обврски, слободни и неслободни активности? Правите ли дистинкција помеѓу нив? Кои ви се потешки, а кои полесни?

Во време кога некој процес (намерно) предолго трае, како на пример транзициониот-конкретно приватизацијата кај нас, уште поконкретно грабежот, криминалот, корупцијата, дневното им "лежи" пред се на снаодливите, праматарите, "приучените" за алашвериш, политикантите и сличните на нив. Додека секојдневното е особено раширено помеѓу "широките народни маси" или, како што често ги нарекуваат петходните, "ситната боранија". (Што е со крупната? Мене ми препорачаа да не ја пробувам оти не била ич вкусна, можела да предизвика повраќање-блуење.)

Се разбира, дневното не мора да биде и секојдневно. Може да биде само за дневна (или ноќна) употреба односно злоупотреба, а може и само да биде за колку да биде, за утре да не излезе дека не било. Секојдневното, пак, според својата природа е дневно (или ноќно) и не може да биде поинакво. Она што е можеби најважно за него е одговорноста. Да се работи нешто секојдневно значи да се има чувство за одговорност и посветеност на она што се работи.

Во која било област од работењето и дејствувањето, од бизнисот до политиката, предност давајте му на секојдневното, а настојувајте што повеќе да го одбегнувате дневното. Едно затоа што секојдневното, меѓу другото, е и долгорочно (или во најмала "рака" среднорочно), а дневното каткорочно. Исто како она: "Денеска си, утре не си".Само во секојдневното може, но не мора да бидеш и утре. Всушност, сигурно ќе бидеш (значи, и мора) ако не на некое друго место гарант во паметењето. Дали во долгото или краткото, зависи од тежината и квалитетот на секојднвното.

Во врска со него ги спомнав одговорноста и посветеноста. Па, да! Ниеден секојдневен ангажман, ниедна активност, ниедно секојдневно дејствување или работење едноставно не е можно без личната одговорност (најнапред пред себе си, а потоа и пред другите), особено во однос на последиците. Во оваа смисла: имаме ли ние, на пример, секојдневни политичари? Лично познавам многу повеќе дневни. Се разбира, тоа е и една од основните причини зошто политиката, и внатрешната и надворешната, ни е неодговорна и (запомнете!) несериозна. Во "контекстов" ми се наметнува едно прашање на кое засега немам одговор:

Како е можно "сериозни луѓе за сериозни времиња" (ви текнува на нив?) да бидат со дневното, а не со секојдневното? Можно е да не се баш сериозни? Да не ни се (случајно) времињава такви?

А посветеноста? Мислам дека таа е еден од нашите најголеми проблеми, а посебно во врска со оние и на оние што ги избираме за да ги пополнат редовите на избраните.

Што значи да бидеш посветен на секојдневното? Мислите дека е тоа еднакво на рутинерството? Грешите ако го мислите тоа. Тоа е еднакво на врвниоит професионализам, знаењето, стручноста, критериумот за вредното и убавото, на авторитетноста и компетентноста.

Јас вака би (се) заклучил:

Почитувам единствено личности кои секојдневно работат нешто со одговорност и целосна посветеност.

Љупчо Димитровски,
Уредник


Активно вклучете се во дискусија со нашите Колумнисти. Коментирајте ја секоја објавена колумна во Дневен е-Еснаф на Еснаф Форуми-те. Регистрирајте се за активен член.
 

Петта страна на светот:

Ќе ги возиме ли се уште нашите коли или тие ќе не возат нас
(Тајм-САД)

Врзете ги вашите сигурносни појаси, возачи, бидејќи некој утрешен ден весниците ќе пишуваат за идната автодвижечка сила т.е. за идното возило на сопствен погон

Не дека денес не е сигурно: ние веќе располагаме со навигациски системи, и со невидлива ноќна визија, и со сателитски врски во возилото, и со сигурносни сопирачки, и со други електронски Самариќанци подготвени да ја земат контролата во свои раце секогаш кога ќе направиме некоја грешка додека возиме. Прилагодениот компјутерски контролен механизам, со кој располагаме денес ја бележи брзината и позицијата на возилото и автоматски ја прилагодува брзината според сигурносниот веменски интервал.

Веднаш зад аголот, велат големите индустријалци на возила, се наоѓаат модерни автопати опремени со милиони ситни сензори, по кои се движат уште помодерни возила кои постојано треба да внимаваат на густиот сообраќај. Влат, возачите во блика иднина ќе управуваат од дома до најблискиот влез на отворен пат, така што компјутерот за откривање на судир ќе ја преземе сета работа. Компјутерите ќе одредуваат километража на автопатот од 190 км на час, со само неколку сантиметри растојание помеѓу колите. Ќе бидат ли тие загрижени? Не, тие ќе го провеуваат НАСДАК и ќе брборат на нивниот мобилен телефон додека не стасаат до прогамираниот излез-брзајќи, конечно, кон ерата на автоматизирано возење, за првпат промовирано на изложбата "Футурама" во 1939-та година, на Светскиот саем во Њујорк.

Толку за блискиот хоризонт. Што се случува со натамошната перспектива? Можеби човечката фантазија не ќе биде доволно подготвена да предвиди какви возила и какво возење ќе има по 20-тина години.

Од друга страна, постои надеж. Надеж, пред се, за да се надминат оние здодевни и долги возења по автопат. оп! Еве не во Небраска! Уште подобро-во 2025-та година заминувате за Атлантик Сити, или кај свекрвата, или на концерт на Џим Нејброс.

Што ако автомобилската труба распрска седативи во воздухот и го погоди лудиот возач предвас за да ви го ослободи патот? До 2025-та година брзата замена на бензинот ќе биде недостижна за автомобилската наука. Исто така, ќе се намалат осетот за нудобност, високиот електричен напон, ќе се занемарат бзбедносните перничиња така што возачите ќе се чувствуваат сигурни за извесно време. Дали секое ливче, циркулар или паркинг-картичка кои дотогаш биле парчосувани од ветробраните, ќе бидат собирани од модерните ветробрани? Вистински погодок до 2025-та година!

Сонувам за сензор што ќе звучи како свирче, како дете кога се презаситува со течност, што ќе ве одвезе до најблиската јавна бања и, штом ќе стасате таму, ќе ја стопира колата за една петтина од секундата и, за уште покусо веме, ќе ви ја отвори вратата. Можеби некој тоа би го нарекол "бладерматик" (кожна кеса).

Да се надеваме дека чувствителната интеракција помеѓу возачот и сопатникот ќе биде детално проучена и дека мерките за намалување на триењето ќе дадат резултати. На пример, ЦД-системите програмирани да примаат три, четири, па и пет дискови истовремено, засекогаш им ставаат крај на љубовните музички будалштини кои често ве убиваат, на Селин Дион и на сета слушателска беда.

Не гледам причина зошто, во нардниот четврт век, индустријата да не го освои возачкиот предизвик, кој е истотолку стар колку и самиот автомобил. Замислете го ова: да се вгради во колата детектор против мачнина кој ќе може да ја открие чувствителноста на возачот пред влегувањето в кола, да дава сигнали и да го спречува дејствувањето.

Навистина, се очекува ли многу од идние коли, ако треба во нива да се вгради еден слаб и опиплив електричен шок кој ќе ги потсети предните сопатници да не ги ставаат нивните глупави стопала на предниот браник?

Јас, лично, сонувам за една кола која ќе биде опремена со инструмент за откривање на шумови, да ги лоцира и да ги уништува они внатрешни мистериозни шумови-скриена причина за гневно патување-еден радарски апарат за да продре длабоко во седиштата и да ги пронајде паричките, пенкалата и францускиот помфрит што нашите баби и дедовци ги имаат заборавено.

Конечно, би платил екстра за вградување на ден суперкомпјуер што ќе открие место за паркирање неколку блокови подалку и ќе постави едно електронско заштитно поле за да го сочува до моето пристигнување таму. Но, слушнете го ова: стручњаците сега предвидуваат дека до 2025-та година нема да има ниту едно место за паркирање. Проклетство! Доаѓа времето на стариот сон за една извонредна рачна направа за паркирање на кола што беше проектирана за филмот "Војна на ѕвездите".



Јули 26, 2006

Астро часовник

Астрономски календар:

Денов ќе трае 14 часа и 40 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 20 минути, а ке зајде во 20 часот.

Месечината ќе се појави во 6 часот и 15 минути, а ќе исчезне во 21 часот и 1 минута.

Говорот на годините (26.јули):

1926
Во Софија умре Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903-та година ја издаде книгата "За македонцките работи". Роден е во Ениџе-Вардарска околија, Солунска област, на 18.11.1874-та година.

1963
Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија-Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070-мина луѓе, а 2.900 беа повредени. Веста за земјотресот што го разурна Скопје брзо се рашири низ целиот свет кој покажа голема солидарност.

1996
Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на Повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

1996
Република Македонија и Европската унија потпишаа рамковна спогодба за соработка.

1996
Во Република Македонија пристигна првиот американски амбасадор Кристофер Хил.


КАЛЕНДАР на МПЦ
Денеска е Собор на Свети.архангел Гаврил

Свети архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денеска црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за првпат востановен во 9-от век на Света Гора Атонска.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Јоаким и Ана

Тие биле родители на Благословена Девица Марија. За нив нема податоци во Светото писмо. Почитувањето на свети Јоаким и Ана се раширило во 6-от век на Исток и на Запад во 10-от век. На света Ана и се молат жените породилки и мајките воопшто.


Временска прогноза:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи особено во попладневние часови. Темепратурата ќ се движи од 17 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде исто така претежно облачно со температура околу 20 степени Целзиусови.

Бројот на починатите како последица на високите температури во Франција се искачи на околу 30, јавија локалните медиуми. Во моментов приемните одделенија на болниците се преполни со луѓе кои страдаат од жешкото време. Ситуацијата е уште потешка откако лекарите од приватните клиники почнаа штрајк со барање за зголемување на платите.

Според прогнозите, денеска термометрите ќе покажат 36 степени Целзиусови во Париз, а во други региони ќе достигнат и до 40 степени.

Зголемувањето на температурата на реката Ебро во Шпанија предизвика запирање на работа на нуклеарна електроцентрала во провинцијата Бургос, во северниот дел на земјата. Централата била исклучена од електричната мрежа затоа што нејзините системи за ладење се полнеле со вода од реката Ебро.

Во Калифорнија е објавена состојба на зголемена готовност од втор степен, затоа што високите температури што почнаа пред 4 дена и очекуваната рекордна потрошувачка на електрична енергија создаваат опасност од струјни удари. Зголемената готовност од втор степен предвидува прекин на струјата за продавници и фирми. Властите сепак очекуваат потрошувачката на струја во наредните неколку часа да достигне нов рекорд и се подготвени да воведат зголемена готовност од трет степен, кој предвидува рестрикција на струјата на ротациски принцип.

Јули е на пат да стане најжежок месец во Холандија откако првпат е измерена температурата во земјата во 1706-та година, објави Кралскиот метеоролошки институт. Во текот на месецов во Холандија просечната температура изнесува 22,3 степени Целзиусови, а нормалната просечна температура за јули изнесува 17,4 степени. Досега највисока просечна температура во јули е измерена во 1994-та година-21,4 степени.

Холандските метеоролози жештината ја поврзуваат со глобалното затоплување и со високите температири во Европа. Минатата недела температурата во Холандија се искачи до 36-37 степени. Жешкото време зеде 2 жртви во Холандија.

Најмалку 121 лице загинаа, а 127 се водат како исчезнати во поплавите што во изминативе денови ја зафатија Северна Кореја, соопшти шефот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Џон Бејлс. Според Бејлс, и покрај тешката состојба во која се наоѓа Северна Кореја властите во Пјонгјанг јасно му ставиле на знаење на Црвениот крст дека не бараат меѓународна помош.

На Црвениот крст не му било дозволено да ги посети деловите на Северна Кореја погодени од поплавите што ги предизвикаа дождовите кои во изминатите недели ја зафатија Источна Азија. Бејлс истакна дека над 12.000 севернокорејски семејства ги напуштиле своите домови, кои се оштетени или целосно уништени.


Денешни настани:

  • Конститутивна седница на Собранието на Република Македонија.
  • Прес-конференција на Министерството за култура.
  • Активности за одбележување на 43 години од земјотресот во Скопје.
  • Изложба Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје.
  • Меѓународна конференција посветена на конфликтот на Блискиот Исток.
  • Романскиот претседател Трајан Басеску ќе отпатува во посета на САД.
  • Американскиот амбасадор за воени злосторства Клинт Вилијамсон во дводневна посета на Србија.
  • Прва средба на началниците на генералштабовите на армиите на Турција и Грција по кипарскиот конфликт од 1974 година.
  • Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во посета на Таџикистан.
  • Премиерот на Грузија Зураб Ногаидели ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Шефер.
  • Продолжува посетата на венецуелскиот претседател Уго Чавез на Русија.
  • Делегација на ОБСЕ во посета на грузискиот сепаратистички регион Абхазија.
  • Продолжува судењето против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.
  • Ирачкиот премиер Нури ал Малики ќе се обрати пред американскиот Конгрес.

 
 
Утре ќе се конституира новиот Парламент

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи конститутивната седница. До изборот на новиот претседател на Собранието седницата ќе ја води најстариот пратеник Стојан Андов од Либералната партија. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави дека на конститутивната седница ќе биде избран и претседател, бидејќи преговорите за тоа прашање оделе исклучително добро.

Со оглед дека во моментов Парламентот е без претседател, бидејќи поранешниот Љупчо Јордановски е именуван за амбасадор во САД, седницата се одржува согласно одредбите на Уставот на Република Македонија кој за вакви случаи предвидува пратениците да се состанат на 21-от ден од денот на изборите, во 10 часот.

Новиот пратенички состав е избран на 5-те парламентарни избори на кои право на глас имаа 1.741.449 избирачи, кои својот глас можеа да го дадат за 33 кандидатски листи со 2.700 кандидати за 120 пратенички места во македонското Собрание.

Изборите се спроведоа според пропорционалниот изборен модел во еден круг. Одзивот на гласањето на парламентарните избори беше 55,98%. На изборите коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 45 пратенички места, коалицијата За Македонија заедно 32, коалицијата ДУИ-ПДП 17, ДПА 11, НСДП 7, ВМРО-НП 6 и ДОМ и ПЕИ по еден пратенички мандат.

Согласно Уставот, Претседателот на Република Македонија е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници.

Засега е извесно дека во Владата, освен ВМРО-ДПМНЕ, ќе влезат ДПА, НСДП, ДОМ и ПЕИ. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека се отворени за соработка со сите партии, освен со СДСМ. Се остава можност за влез на ПДП во владата, додека за продолжување на преговорите со ДУИ бараат извинување и оградување од изјавите на партиски функционери кои упатуваат на насилство.

Средба Рајс-Олмерт во Ерусалим

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на средбата со изралескиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека е време за изградба на нов Блиски Исток. Според неа, луѓето во тој регион-Израелците, Либанците и Палестинците-предолго живеат во страв, терор и насилство.

-Не се сомневам дека има такви кои сакаат да ја зацврстат демократијата и сувереноста на Либан. Не би сакала да се вратам по 3 седмици или 3 или 6 месеци кога повторно тие екстремисти ќе решат да ги употребат нивните предности за дестабилизација на мирот-потенцира Рајс.

Олмерт од своја страна, пак, нагласи дека Израел е одлучен да ја продолжи офанзивата против шиитската милитантна група Хезболах во Либан.

-Не се бориме против либанската Влада или либанскиот народ, туку против Хезболах. Се надевам дека либанската Влада ќе направи напори да се дистанцира од Хезболах, со што најверојатно ќе помогне за завршување на војната,-потенцира Олмерт.

Од почетокот на нападите во Либан загинаа 380 лица, главно цивили, а се раселени повеќе од половина милион луѓе. Во исто време во Израел загинаа 41 лице, од кои 17 цивили.

IN CONTINUO:
Повеќе донации за Клиниката за детски болести

На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје беа пуштени во употреба неколку донации, донирани во рамките на кампањата "Пријатели на Детската клиника" која трае повеќе од 2 години, а беа предадени во употреба и реновираните лифтови.

Директорот на Клиниката за детски болести Зоран Гучев апелираше кампањата и натаму да продолжи, бидејќи таа досега дала исклучителни резултати во подобрувањето на условите во кои се лекуваат децата и притоа им заблагодари на сите граѓани, чие дело се постигнатите резултати.

Директорот на Клиничкиот центар Андреја Арсовски информираше дека во согласност со Фондот за здравствено осигурување биле издвоени средства за реновирање на лифтовите, кои се стари повеќе од 20 години и во кои не се вложени поголеми инвестиции. Реновирањето чинело околу 2,5 милиони денари, за што бил распишан и тендер, но Арсовски не знаеше да каже која фирма го добила тендерот.

И тој и Гучев се согласни дека на Клиниката за детски болести недостигаат и опрема и повремено лекови, но оти состојбите се подобруваат со донациите.

Арсовски смета дека недостигот на лекови или соодветна медицинска опрема е одраз на реалноста, на ниските средства со кои располагаат и оти во такви услови Клинички центар и Клиниката за детски болести се обидуваат да дадат најдобри можни услуги за пациентите.

Косово и меѓународната заедница

Со Белград не може да има компромис и Приштина се залага единствено за независност на Косово, изјави косовскиот премеир Агим Чеку за австрискиот весник Ди Пресе.

Медиумите во Приштина во меѓувреме за преговорите во Виена во преден план го ставаат несогласувањето на двете страни. За делегацијата на Приштина независноста на Косово е алфа и омега, додека претставниците на Белград го отфрлаат тоа и предлагаат автономија на Косово во рамките на Србија.

Заменикот на специјалиот пратеник на ОН за Косово Албер Роан изјави дека меѓународната заедница ќе го зголеми притисокот врз Белград и Приштина за приближување на нивните ставови. Според Роан, Канцеларијата на пратеникот на ОН (УНОСЕК) во првите 10 дена од август закажала 2 состанока помеѓу Белград и Приштина, на кои ќе се разговара за технички прашања. Освен тоа, ќе има и експертски состаноци, а регионот ќе го посетат и претставници на УНОСЕК. Во септември пратеникот на ОН Марти Ахтисари планира да направи биланс, објасни Роан.

Заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент Том Кејси изјави дека администрацијата на претседателот Џорџ Буш повторно ги повикува сите страни во преговорите за идниот статус на Косово да покажат флексибилност... како и меѓусебно почитување за изнесените ставови.

Антрфиле:
Дума: Хелсиншкиот комитет ги прекршил нормите на професионалност со ангажирање на нестручно лице во случајот Бекиров

Ангажирањето на Д-р Георги Банков од Бугарија од страна на македонскиот Хелсиншки комитет како независен експерт за обдукциска анализа на телото на Трајан Бекиров, кој не е специјалист за судска медицина, претставува непочитување на професионалните норми на оваа професија, оценува Д-р Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина при Клиничкиот центар-Скопје во изјава за МИА дадена по официјалниот допис од Бугарскиот лекарски сојуз во кој се тврди дека Банков е лекар по општа практика. Според него, тоа објаснува зошто претседателот на Хелсиншкиот комитет Мирјана Најчевска не дозволи средба на македонските експерти со Банков.

Директорот на Институтот за судска медицина вели дека по ова станува јасно зошто Банков не можел да го протолкува, ниту да го види она што го утврдиле македонските експерти и работите ги толкувал погрешно. Македонскиот експерт е на ставот дека има тенденциозност во ангажирањето на нестручно лице од страна на Хелсиншкиот комитет.

Вчера со допис до медиумите кои тоа го побараа се обрати Бугарскиот лекарски сојуз, во кој се тврди дека Банков е лекар по општа практика. Тој работи како лекар по општа практика во село Горско ново село, во Великотрновската област, и нема специјалност, се вели во дописот.

Повеќе од 500.000 лица евакуирани пред доаѓањето на тајфунот Каеми во Кина

Тајфунот Каеми што го зафати јужното крајбрежје на Кина предизвика евакуација на повеќе од 500.000 луѓе од реоните кои се уште закрепнуваат од тропската бура која однесе над 600 жртви.

Тајфунот, кој прво помина низ Тајван и предизвика хаос во секојдневниот живот, но не и енормни штети, ја погоди кинеската провинција Фуџиан, јави кинеската агенција Ксинхуа. Државната телевизија, пак, објави снимки од облаци од дожд кои го зафатиле Фужоу, главен град на Фуџиан.

Повеќе од 430.000 луѓе се евакуирани од Фуџиан, а други 80.000 ги напуштиле домовите и заминале во соседната провинција Зејианг, по најавата за приближување на бура со ветрови со брзина од 120 километри на час.

Тајфунот Каеми, кој помина низ Тајван со силни ветрови и дожд, предизивика откажување на летови во земјата, хаос во сообраќајот, а илјадници домови останале без електрично напојување.

Национал

Акценти
  • Во домот на АРМ во Скопје е во тек финалната планирачка конференција за претстојната билатерална вежба Размена на мали единици, што ќе се реализира помеѓу баталјонот на Воената полиција на АРМ и единица на Воената полиција на Националната гарда на Вермонт, САД, од 9-ти до 23-ти септември годинава на армискиот полигон Криволак, соопшти Министерството за одбрана. Вежбата е во согласност со Планот за билатерална соработка со вооружените сили на САД. Планирачката конференција, што почна завчера, ќе трае до 28-ми овој месец;
  • Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Мирослав Стојановски се сретна со припадниците на медицинскиот тим на АРМ што деновиве треба да заминат во мисијата ИСАФ во Авганистан, како дел од здружениот медицински тим на земјите-потписнички на Јадранската повелба, Македонија, Албанија и Хрватска. Ова е трета ротација на Здружениот медицински тим. Водечка нација годинава е Република Хрватска;
  • МВР извести дека на улицата Коце Металец во Скопје завчеравечер Б.Г.(47) од Косово, додека влегувал во своето патничко возило, со употреба на физичка сила бил грабнат од неколкумина непознати лица кои биле со 2 патнички возила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите;
  • На патот Штип-Кочани вчера се случи тешка сообраќајна несреќа. Во директен судир на 30-тонско возило со косовски регистерски таблички и автобус од "Берово транс" настрадаа 7-мина патници, од кои тројца се со тешки телесни повреди и се пренесени во скопската клиника.



ЛС Визитер
(Локална самоуправа: Скопје - Македонија)

Акценти
  • Скопје денеска ја одбележува 43-тата годишнина од катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија 1.070-мина луѓе, а 3.000 беа повредени. По тој повод делегации на Град Скопје и на скопските општини ќе положат цвеќе на споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес на 26-ти јули 1963 година. Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски ќе ја пушти во употреба улицата Горно Лисиче и ќе ја посети крводарителната акција во кино Милениум. Исто така, во Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ) ќе биде организирана изложба од 50-ина автентични фотографии од Скопје во периодот пред и по земјотресот и фотографии од пристигнувањето на меѓународната помош, насловена Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје. Во КИЦ ќе биде претставена и монографијата 43 години Скопје во подем;
  • Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски вчера, во рамките на одбележувањето на 43-годишнината од скопскиот земјотрес, ја пушти во употреба новата приградска автобуска станица кај Транспортниот центар. Таа е со површина од 3.000 метри квадратни, а започна да се реализира во 2003-та година. На неа има 30 перони. Изградбата ги чинеше градските власти околу осум милиони денари;
  • Откако ја пушти во употреба новата приградска автобуска станица, скопскиот градночалник изјави дека од новата Влада очекува голема поддршка, посебно за изградба на фекални и атмосферски канализации, како и за завршување на повеќенаменската сала. Тој уште еднаш напомна дека Градот интензивно размислува за воведување на трамвај како основно превозно средство;
  • Актуелниот Закон за локална самоуправа и Законот за град Скопје по една година од нивната имплементација, според финансиската состојба во која се наоѓа Градот Скопје, не ги постигнаа очекуваните финансиски ефекти, се оценува во соопштението од Одделението за односи со јавност на градоначалникот на Град Скопје. Во првото полугодие од годинава приходот во Буџетот е двојно помал во споредба со буџетите остварени во претходните 3 години пред децентрализацијата;
  • Градоначалникот Трифун Костовски им ги врачи наградите на добитниците во акцијата на град Скопје Денови на пролетта - Денови на екологијата, што годинава се одвива под мотото Јас се грижам за моето Скопје. Награда за најголем придонес во заштитата на животната средина доби НВО ОХО-плакета и 30.000 денари. За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување е наградена Марија Најдова, која доби плакета и парична награда во износ од 20.000 денари. Плакетата за најубаво уреден двор за колективно домување им е доделена на станарите на зградата на ул. Владимир Комаров бр.40. На куќниот совет на оваа зграда му беше врачена и парична награда во износ од 20.000 денари. Наградата за најубаво уреден двор на објект за институција, фирма или стопански објект доби Тобако ТП-Скопје , бул. Крсте Мисирков бб, плакета и 20.000 денари. Градоначалникот им додели плакети и на авторките на двете наградени теми од областа на екологијата, Сара Урошевска 4а одд. од ОУ Мирче Ацев Скопје, за составот "Животот е круг човекот од кругот направил лавиринт" (во конкуренција на основни училишта) и Евдокија Христова 2б, ДСУ Кочо Рацин Скопје, за составот на тема Екологија (во конкуренција на средните училишта). Двете ученички освен плакетите ќе добијат и парични награди во износ од по 6.000 денари;
  • Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје има ново лого. Новиот знак е составен од два елемента: логотип ЈП Водовод и канализација-Скопје и симбол кој претставува стилизација на Аквадуктот во Скопје.

Партии-оценки, мислења, ставови, заложби

Акценти
  • Портпаролот на Демократската унија за интеграција Ермира Мехмети изјави дека во јавноста намерно е наметната тенденција дека ако ДУИ не влезе во власта ќе предизвика дестаблизиција, што, како што рече, е погрешно. Според Мехмети, она што било кажано во текот на изборната кампања си останува дел од изборната реторика, поради што не треба да се навлегува во меѓусебни обвинувања или барања на извинувања. Таа не го коментира ставот на Европската унија, како одговор на писмото што оваа партија го упати до меѓународната заедница за составувањето на новата влада;
  • СДСМ ќе биде конструктивна, но жестока опозиција, изјави по добивањето на уверението за пратеник претседателот на СДСМ и премиер на Владата во заминување Владо Бучковски. Тој подвлече дека очекува од новиот Парламент да биде на ниво на задачата која е исклучително значајна, а тоа е натамошно приближување на Република Македонија кон ЕУ. Според него, во текот на договарањата за нова влада се направени повеќе грешки поради што не е оптимист.

Меридијани

Акценти
  • Саудискиот крал Абдула одлучи да бидат префрлени една милијарда долари во централната банка во Либан и дополнителни 500 милиони долари за помош за обнова на државата по израелските напади, објавија државните саудиски медиуми;
  • Израелската офанзива врз Либан е прашање на живот и смрт за еврејската држава, изјави Нобеловецот Шимон Перес за време на говор во Парламентот. Најмалку 16 проектили биле испукани врз израелскиот град Хаифа при што се повредени 5 лица. Во нападот се погодени и куќа и автобус, соопшти полицијата. Либанската полиција соопшти дека загинале 7-мина членови на едно семејство, меѓу кои и 2 деца во израелски напад во јужен Либан. Бројката на загинати од почетокот на израелската офанзива врз Хезболах во Либан, почната пред 2 недели, се искачи на 381 загинат, од кои 334-ца се цивили, соопшти либанската полиција;
  • Конвој од 500 грузиски војници се упати кон планинскиот регион Кодорско дефиле кој граничи со отцепената провинција Абхазија со цел разоружување на локалните милициски сили, објави телевизијата Имеди. Според медиумот, конвојот има за цел да ги разоружа приврзаниците на Емзар Квициани кој раководи со околу 400 припадници на т.н. милиција;
  • Владата на Тони Блер го обелодени планот за повлекување на значаен дел од британската војска стационирана на територијата на Германија. Предвидено е за почеток тоа да биде една бригада за поддршка и единицата за брза интервенција, кои заедно бројат околу 2000 луѓе, јави дописникот на МИА од Лондон;
  • Јужнокорејскиот министер за надворешни работи и трговија Бан Ки Мун и индискиот писател и службеник на ОН Шаши Тарур добија најмногу гласови на првото неофицијално гласање во Советот за безбедност на Светската организација за наследник на генералниот секретар на ОН Кофи Анан. Согласно новата процедура, 15-темина членови на Советот избираат еден од следните 3 одговори за четворицата кандидати за нов генерален секретар на ОН: одобрувам, не одобрувам и немам мислење. Најдобри резултати доби Бан, а по него Тарур. На трето место остана тајландскиот вицепремиер Суракиат Сатиентај, а на последно поранешниот заменик-генерален секретар на ОН за прашања на разоружувањето Џајанта Данапала од Шри Ланка. Натпреварот допрва почнува затоа што се очекува да се појават и нови кандидати. Практика е генералниот секретар да се избере во последната минута по пазарења меѓу 5-те земји со право на вето во Советот за безбедност.
 
 

Клуб, Култура, Традиција, Вредност


Акценти
  • Во чест на празникот Илинден, на 29-ти и 30-ти јули по 5-ти пат ќе бидат одржани Брезовските културни средби, во организација на македонското здружение за култура, обичаи и традиции Гороцвет од Скопје и Месната заедница од демирхисарското село Брезово;
  • Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија се одржа поетско читање на кое бугарски писатели настапија со стихови посветени на Македонија. Претставени се поетските збирки Избрани стихови од Катја Ерменкова и Провиденија од Владимир Луков, објавени и во Македонија;
  • Претставата Дом за птици на Велешкиот театар, работена по текст на Петре Бакевски, во режија на Горан Тренчовски, синоќа го отвори 5-от јубилеен Меѓународен фестивал на античката драма Стоби 2006-та. На фестивалската сцена во античкиот театар во локалитетот Стоби, крај Велес, до 7-ми август ќе настапат, освен театарот од градот-домаќин. и 4 театри од странство. Жирито во состав Кирил Ристевски, Катина Иванова и Стојан Стојановски ќе доделат 4 награди од кои една Гран при за најдобра претстава, за режија и 2 за најуспешни артистички остварувања во машка и женска ролја;
  • Во пресрет на одбележувањето 43 години од скопскиот земјотрес, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, во рамките на Скопско лето, ја промовираше книгата Поплава од Владимир Плавевски-збирка од 20 раскази кои го тематизираат животот во предземјотресно Скопје;
  • Во Музејот на современа уметност е отворена самостојна изложба на холандскиот уметник Јап де Руиг, со наслов Моќта на несовршеноста. Изложбата, која ќе трае до 30-ти август, содржи главно видео-инсталации. Таа ќе патува низ Европа оваа и наредната година. Почна да се прикажува лани во галеријата Ото Нагел во Берлин, а потоа продолжи во Гронинген, Рига, Талин, Скопје, Софија, Барселона...;
  • Вториот Кока - кола саунд вејв Фестивал пауерд бај Космофон годинава ќе биде одржан на 8-ми септември на стадионот на АРМ во Градскиот парк. Организаторите на фестивалот ЗЕН и КЛМ-продукција на прес-конференција најавија дека ќе понудат квалитетна и современа музичка програма за различни вкусови;
  • Познатиот италијански тенор Лучано Павароти, кој пред неколку дена е опериран од рак на панкреасот, изрази надеж дека ќе продолжи да пее на почетокот од идната година. Во интервју за италијанскиот весник Стампа, по излегувањето од њујоршката болница во која е опериран, 70-годишниот оперски пејач истакна дека се чувствува се подобро;
  • Британскиот музичар Стинг со својот бенд денеска ќе настапи во московскиот спортски комплекс Олимписки, соопштија организаторите. Со концертот во Москва, на кој освен Стинг ќе настапи и неговиот пријател и соработник гитаристот Доминик Милер, ќе заврши турнејата на пејачот низ 28 европски градови.
 
 

Спорт Сет


Акценти
  • Федералниот суд во Рим им ги ублажи казните на клубовите вмешани во италијанскиот фудбалски скандал. лацио и Фиорентина сепак следната сезона ќе играат во Серијата А. Римскиот клув првенството ќе го почне со минус 11, а Фиоентина со минус 19 бодови. Јувентус останува во Серијата Б, но натпреварувањето ќе го почне со помал бодовен минус Наместо со 30, ќе стартува со минус 17 бодови. На Милан му е дозволено да учествува во квалификациите за Лигата на шампионите, а првенството во Сријата а Ќе го почне со минус 8, а не со минус 15 бодови.
 
 

Бизнис Микс


Акценти
  • На телефонот на црногорското Министерство за туризам во последните 7 дена имало 229 повици од гости кои престојуваат во Црна Гора, од кои 228 биле жалби, а една пофалба. Вкупниот број на жалби за плажите изнесувал 18, а на сметка на прегласната музика се упатени 12 забелешки, 6 пати туристите се пожалиле на дилерите на соби, 8 пати на излевање на канализација, а 4 пати на паркинзите. По една жалба била поднесена за наплатувањето на таксата за престој, за неисчистениот асфалт, за непостоењето осветлување и метежот во сообраќајот;
  • 60% од 950-мина анкетирани Бугари преку Интернет тврдат дека имале љубовна врска на работното место. Подеднаков е бројот на мажи и жени кои одговориле потврдно на прашањето, јави бугарската агенција БТА. Врските, во повеќето случаи, се разултат на заеднички патувања, коктелите во фирмите, како и заедничките забави. Работодавачите обично не ги поддржуваат врските помеѓу вработените, но немаат право да ги ограничуваат;
  • Најбогат Украинец е Ринат Ахметов, а неговото, богатство благодарение на фудбалот и челикот, се проценува на 11,7 милијарди долари. Списокот на најбогати луѓе во Украина го изготви киевскиот неделник Кореспондент. Неделникот наведува дека минималниот имот што обезбедува стапување во членството на Топ30 изнесува 177 милиони долари во време кога просечната месечна плата во Украина изнесува 200 долари.

 
 

КУРСНА ЛИСТА за ден 26.7.2006

Народна Банка на Република Македонија
ДржаваВалута-Един.КуповенСреденПродажен
ЕМУ978EUR1 60.858461.164261.4700
Австралија36AUD1 36.383336.566236.7490
Канада124CAD1 42.245242.457442.6697
Данска208DKK100 815.6648819.7636823.8624
Јапонија392JPY100 41.254341.461641.6689
Норвешка578NOK100 766.4783770.3300774.1816
Шведска752SEK100 656.8278660.1284663.4291
Швајцарија756CHF100 3867.21613886.64933906.0825
Г.Британија826GBP1 89.065489.513089.9605
САД840USD1 48.162748.404748.6467

  Приватни Менувачници
ДржаваВалута-Един.КуповенПродажен
ЕМУ978EUR1 61.2061.60
САД840USD1 47.5049.50
Швајцарија756CHF100 38503950