Басни за деца, големи и мали; 
Басна - Усмена или писмена творба, со анимистички или анималистички поглед на светот во неа, со интересирање за персонифицирање на појавите во живата и неживата природа, поистоветување на човекот со животно. Таа е блиска на пословицата според исходот - соопштението кое доаѓа како резултат на конкретно изнесени ситуации во текстот. Таа обично е едноепизодна приказна, и се занова на една идеја.

 

Езоповите басни - просто и наивно раскажување на ситуации од животинскиот свет, притоа имајќи ги на ум човечки состојби. Животните во нив се претставници на различни категории и типови на човечкото општество: штркот ги претставува побожните луѓе, гарванот безбожниците, лисицата итрите, волкот неверниците, лавот тираните итн. Езоповата басна е ‘филозофија во примери’.

Басни во првото издание на „1001 приказна – Езоповите басни”: ‘Орелот и лисицата’, ‘Орелот, чавката и пастирот’, ‘Орелот и човекот’, ‘Славејот и јастребот’, ‘Мачорот и глувците’, ‘Козарот и козите’, Козата и магарето’, ‘Козата и пастирот’, Петлите’, ‘Рибарот- свирач на шупелка’, ‘Рибарот и рипчето’, ‘Лисицата што се прејала’ ,Лисицата и жераот’, ‘Лисицата и дрвосечачот’,  ‘Лисицата и лавот’, ‘Лисицата и лавот’, ‘Лисицата и мајмунот’, ‘Лисицата и јарецот’, Јагленарот и сукнарот’, ‘Човекот што брои бранови’.

Преслушај издание на оваа аудио книга:

Контактирај не за да ги набавиш сите досегашни изданија. Кликни тука или контактирај не на 075384753 или 078384763.