VOX POPULI'VOX POPULI, VOX DEI' 

Силата, моќта на гласот на народот. Говорот на мудроста и искуството, низ векови, време и невреме; низ зраци и самраци, низ светлина и темнина.

Творечката моќ на народот, неговата креативност. Корен, традиција, идентитет. Минатото кон иднината сосе сегашнината.

Пословици- поговорки- бисери на мудроста.

Пословиците-'плодови на вековното народно искуство за одделни животни проблеми, појави и случки'. Според вредноста, занчењето и широката употреба, најкорисни, најдлабоки, најизворни.

Поговорките- разликата од пословиците е повеќе формална- тие се пократки, како кратка изрека или израз.

Другите индивидуални умотворби: клетви и благослови, гатанки, прашанки и брзопоговорки. Како народна мудрост, народна филозофија.

Извор песна живородна- македонска народна лирика: имагинативна преобразба на реалноста, врвен резултат на народниот гениј. Пеењето како живот, како сушност на постоењето, единствен, најпрепознатлив облик на слободното постоење.

Ука и поука- од народните приказни. Народните приказни за слушање во часови- мигови на спокојство и немир, на мака и надеж, на умора и сомнеж.

Преданија и легенди- три битни елементи: мит, предание и легенда; митот во космогониски, во етиолошки, културно- историски, херојски преданија; легенди- хагиографски и херојски.

Етнограф- етнографски материјали: записи и описи на појави, обичаи, соништа, верувања, баења, кобења, игри и др., етнографско- историски и филолошки материјали.

Vox populi- гласот на народот. Да се слуша во сите и за сите времиња.

 

Преслушај издание на оваа аудио книга:

 Контактирај не за да ги набавиш сите досегашни изданија. Кликни тука или контактирај не на 075384763 или 078384763.