Ние сме мултимедијален центар со следните услуги и производи за вашиот бизнис:

  • Продукција (аудио, видео, веб, мултимедија, радио продукција)
  • Интернет маркетинг и маркетинг истражување
  • Едукација и консалтинг

Овие области се имплементирани во стратешкиот бизнис план, креиран врз база на неколку клучни елементи на денешното време: е-бизнис, интернет, маркетинг, односни со јавноста, новинарство.

Постоиме од 1997 година. Работиме активно на реализација на производи и проекти, соработуваме со повеќе реномирани компании и институции од различни земји и дејности. Кликнете на портфолио листа и референци и запознајте дел од нашите клиенти и бизнис партнери. 

До денес реализиравме голем број проекти пред се за клиенти во Македонија. Посветени на клиентот преку специјално оформен и посветен тим од професионалци, вложуваме максимум напор во усовршувањето на пристапот кон клиентите, воспоставувајќи долгогодишна лојалност и доверба.

Ние сме професионалци со повеќегодишно искуство во работа со современи мултимедиски и медиумски системи. Електронското издаваштво е наша редовна активност. Започнувањето и реализацијата на Проектот за изадавање на дневен, неделен и месечен електронски весник воспостави нови канали на информација и вовед на нов производ во македонскиот медиумски простор е-весник . Како промотери и реализатори на идејата за збогатување на електронското издаваштво во Македонија, потврдува фактот дека Авизо е прв издавач на дневен електронски весник („Дневен е-Еснаф“ ).

Ова е нашиот портфолио сајт. Запознајте се со нашата палета на услуги, наши референци... Но имајте на ум дека сме посветени на индивидуални решенија за секој наш клиент. Нашиот пристап е конкретен, сетот на услуги и производи спакуван во понуда е прилагоден на буџетот, потребите, зрелоста на бизнисот, стратегијата и плановите на вашиот бизнис.

Секогаш посветени кон иновација на нови видови услуги, комуникација и маркетинг пристап.

Конкретно ангажирани во интерес на клиентот, за подобар и препознатлив бренд, подобар финансиски резултат и раст на бизнисот.

Прв пат кај нас ? 
Драго ни е што Ве имаме и Вас за наши пријатели.